Имаме потенцијал да станеме економски лидер во регионот, со модерна инфраструктура, со конкурентна економија и со иновации кои ќе ги поддржат младите и претприемачите.
Ние ќе продолжиме со реформи кои ќе ја подобрат бизнис климата и ќе овозможат нови инвестиции и работни места.
Со заеднички напори ќе создадеме услови каде што младите гледаат иднина, каде што ќе можат да ги остварат своите соништа и сакаат да останат и да придонесуваат за општеството.
Треба помалку да се внимава да не се падне во замките на етничките теми и конфликти кои се само параванот на лукративните интереси на поединците кои градат кариери врз овие прашања, додека за жал народот се дели.
Економијата и економските дострели мора да бидат заедничко достигнување кое мора да се оствари.
Целта на оваа влада и на секоја наредна е и мора да биде членство во Европската Унија, не само поради тоа што како држава природно припаѓа таму, туку и затоа што нам ни се тие критериуми потребни за да имаме и подобар стандард и подобар живот.
Исто така факт е дека предолго чекаме пред портите на ЕУ и се чувствува оправдано резигнирање и разочараност на граѓаните.
Не може колективната цел да страда поради поединечни интереси и субјективни критериуми. Затоа наша цел овој период мора да биде и да остане членството во Европската Унија.
Како Влада посветуваме внимание на човечкото знаење и даваме шанса за младите, и така ќе продолжиме. Како Влада мора да го мобилизираме буквално секој аспект од човечкото знаење и потенцијал и да го градиме нашето општество врз основа на заедништво, солидарност и визии.
Ви зборувам за големи растови, квалитетно образование и иновации кои ја менуваат реалноста. И тоа можеме да го постигнеме.
Драги пријатели, дами и господа,
Овој процес не е едноставен и потребна ни е и добредојдена поддршката од сите релевантни чинители.
Благодарност за поддршката до УНДП во координација со сите агенции на Обединетите Нации, Амбасадата на Обединетото Кралство и Министерството за финансии на Република Словачка кои го поддржуваат овој процес.
Благодарност и на сте вие кои учествувавте на денешниот состанок и овој процес ќе продолжиме да го градиме заедно и низ заедништво“.