14.6 C
Skopje
Monday, October 7, 2024

Мицкоски: Ако „ВРЕДИ“ планираат да ја напуштат владината коалиција, тогаш нека им е со среќа

Нека му е со среќа – вака кусо и отсечно премиерот Христијан Мицкоски денеска ја коментираше најавата на пратеникот од Вреди Халил Снопче, кој синоќа го повтори ставот на албанската коалиција дека ќе ја напуштат Владата доколку се усвојат измените на Законот за бранители без да биде предвидено обештетување и за поранешните борци на ОНА.

Премиерот со истиот одговор одговори и на новинарско барање за коментар на најавите на лидерот на опозициската ДУИ Али Ахмети, кој е револтиран за балансерот и најави дека ќе излезат на протести.

И нему му посакувам добро здравје и среќа – одговори премиерот Мицкоски.

Тој рече дека не функционира со закани и уцени.

– Ако некој се заканува, треба и да го реализира тоа, а ако не, остава лош впечаток во јавноста. Јас на заканите не одговарам баш така како што некој може да очекува. Изненаден сум што еден професор користи речник на закани, но тоа е негова одлука. Не знам кога ќе дојде на дневен ред во Собранието Законот за бранители, но кога ќе дојде, ќе ја има нашата поддршка – рече Мицкоски.НА ДВАЈЦАТА НЕКА ИМ Е СО СРЕЌА Мицкоски до Ахмети за најавените протести и до Снопче за заканите со излегување од Владата

поврзани објави

Последни објави