-0.2 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Исповед на хакер: Полесно е да се хакираат изборите отколку „eBay“

„Полесно е да се хакира изборниот систем отколку „eBay“ или „Сити банка“, тврди Сергеј Павловиќ, еден од најозогласените белоруски хакери.

Овој сајберкриминалец, во хакерската онлајн заедница познат под псеводнимот „PoliceDog“ многу рано станал хакер и до својата 20 годишна возраст веќе заработувал до 100.000 долари месечно со измама со кредитни картички.

Веќе во почетокот на двеилјадитата бил еден од водечките фигури во руското и источноевропско сајбер подземје.

„Можете да го направите најсовршениот систем на компјутерска заштита, но оној кој има намера да го направи тоа ќе повика администратор и ќе смисли некој голем изговор и ќе ја извлече шифрата од него“, наведува тој.

Павловиќ вели дека најтешко е да се хакират системите на комерцијалните банки, систем на онлајн плаќања систем како што е „еBay“ бидејќи тие можат да си дозволат ангажирање на високопрофесионалци во областа на заштитата на нивниот систем.

Од излегувањето од затвор во 2015. година Павловиќ повеќе не се занимава со сајбер криминал. Тој вели дека неговите вештини се многу послаби од претходно, па затоа мисли дека денеска би можел да пробие во систем на послабо одбрамбени организации, како што се Демократските партии во  САД.

Со сајбер криминалот односно со измамата со кредитни картички се занимавал од неговата 13 година. Денеска во својата триесет и трета година после деценија помината во затвор, води неколку легални бизниси.

поврзани објави

Последни објави