Доколку имате обичај да користите додатни сублементи со витамини и минерали со утринското кафе, време е оваа навика да ја искорените.
Кофеинот од кафето може да ја намали способноста на организмот да апсорбира поединечни витамини и минерали како што се витамн Б- комплекс, витамин Д, и калциум. Ова не е случај само со кафето, туку и со други напитоци кои содржат кофеин како што се кока-колата, црниот и зелен чај.
Чаевите содржат и танин кој исто така може да го апсорбира внесувањето на сублиментите. Кафе или чај би требало да пиете барем еден час пред или после користењето на диеталните додатоци кои би било најдобро да ги испиете со чаша вода.