23.8 C
Skopje
Saturday, October 26, 2024

ПРЕД УРАГАНОТ ЈА ВРЗА КУЌАТА СО ЛЕНТИ ЗА ЗЕМЈА Еве што се случи по налетот на Милтон

ПРЕД УРАГАНОТ ЈА ВРЗА КУЌАТА СО ЛЕНТИ ЗА ЗЕМЈА Еве што се случи по налетот на Милтон

Педро Касарес од Флорида стана хит на социјалните мрежи откако ја врза својата куќа со ченти за земјата пред ударот на ураган Милтон.

Имено, како што појасни, лентите не само што биле закачени за тревникот пред куќата, туку куките што ги држеле лентите биле закопани 2,5 метри во земја и наполнети со цемент.

Ден по ураганот, новинарите на „9News“ и „CNN“ го посетија Педро и се уверија дека неговиот систем за заштита од урагани е успешен.

-Добро сме, само излеговме надвор од куќата да исчистиме и да провериме дали има штета. Ништо не се случи, само минимална помала штета, ништо страшно – изјави ќерката на Касерес за Си-Ен-Ен.

поврзани објави

Последни објави