32.1 C
Skopje
петок, јули 17, 2026

ВЛАДИНА ПОДДРШКА ЗА НОВИ ВРАБОТУВАЊА – Бонуси за млади бизниси и за македонските повратници од странство!

Отворање нови работни места, намалување на невработеноста, подобрување на животниот стандард и креирање подобра бизнис клима за стопанството се едни од главните државни приоритети, наведува ВМРО-ДПМНЕ.

-Во оваа насока на подобрување на животот на македонските граѓани, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ посветено работи веќе две години по ред и политиките кои ги спроведува даваат резултати.

Со цел да се поддржат и помогнат македонските фирми да се прошират и развијат преку отворање нови работни места, во тек е јавниот повик за „Поддршка за креирање на нови работни места од Оперативниот план за вработување 2026, се додава во партиското соопштение.

„Вработување и раст на правни субјекти“ е прва мерка од овој повик преку која финансиски ќе се поддржат компании за вработување на вкупно 1385 лица со по 160.000 до 250.000 денари од работно место со вкупен буџет од 332.650.000 денари или околу 5,4 милиони евра.

поврзани објави

Последни објави