27.7 C
Skopje
среда, јули 15, 2026

Стевчо Јакимовски влезе во затвор – ќе издржува 6,5 месеци затворска казна

Стевчо Јакимовски влезе во затвор – ќе издржува 6,5 месеци затворска казна

Поранешниот градоначалник на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, денеска доброволно се пријавил во Затворот „Скопје“ во Шутка, каде што ќе ја издржува затворската казна во траење од шест и пол месеци.

Според информациите, по неговото пристигнување започнала редовната затворска процедура, по што ќе биде сместен во приемното одделение на установата.
Апелацискиот суд Скопје на 9 јуни ја потврди првостепената пресуда со која Јакимовски беше осуден на една година затвор за кривичното дело бесправно градење, во предметот поврзан со изградбата на општинската зграда во Карпош.
Во казната му е пресметан и периодот што го помина во куќен притвор од 19 март до 15 август 2019 година, поради што му остануваат за издржување шест и пол месеци затвор.

Претходно, Основниот кривичен суд Скопје соопшти дека Јакимовски бил упатен на 2 јули 2026 година да се јави во Затворот „Скопје“ за започнување на издржувањето на затворската казна.

поврзани објави

Последни објави