Тимот на Манчестер Јунајтед бара партнер за Пол Погба во средината на теренот, а прв на листата е Џошуа Кимих од Баерн Минхен, за кого интерес покажува уште Пеп Гвардиола и Манчестер Сити.
„Црвените ѓаволи“ планираат следната сезона да имаат уште поголем дрим-тим од овој во моментот, па за тоа со сигурност ќе им биде потребен играч од висок калибар.
Според дел од медиумите во Англија веќе постојат и преговори, но во таа битка за 22-годишниот играч влегува и Гвардиола, кој ги знае квалитетите на играчот од времето кога беше дел од Баерн Минхен.