8.8 C
Skopje
Tuesday, December 10, 2024

Едноставно и без проблем: како да освоите жена?

Факт е секоја жена е посебна на свој начин, но секоја жена има своја слаба точка. На мажите е сами да проценат која е таа и да „нападнат“ токму таму.

Во продолжение пет совети како полесно да освоите жена.

1. Издвојте се од другите

Секој од нас има свој квалитет кој го одвојува од останатите. Само треба да го пронајдете својот, ако веќе не сте го пронашле и да го искористите на најдобар можен начин. Не срамете се да го покажете овој свој квалитет. Споменете некој свој талент, свот интересо занимање или хоби. Сепак внимавајте да не прејдете во себефалење бидејќи егоистичноста може само да ги одбие жените од вас.

2. Шармирајте ја

Потрудете се да создадете атмосфера, вашите вештини за заведување да дојдат до израз. Ако знаете на пример да одлично да играте, однесете ја на одлична журка на која двајцата ќе танцувате. Ако сте пак подобри во готвење повикајте ја на вечера.

3. Емоцииите на отворено

Вистина е дека жените не сакаат мажи кои се „мекуши“ и кои плачат на секој љубовен филм. Но, ги привлекува мажот кој знае да покаже и своја нежна и емотивна страна пред неа. Секако претерувајте со изјавите на љубов уште на првиот состанок, но зборувајте за своето детство и секогаш кога имате прилика покажете дека имате емоции.

4. Интересирајте се за својот живот

Како што не треба да се затворите и да глумите неосвоив со тоа што малку ќе зборувате за себе, исто така не треба премногу да зборувате само за вас. Оставете ја и таа за ги сподели своите мисли, чувства и слушајте ја внимателно.

5. Тип-топ секогаш и секаде

Колку и да сте биле во гужва никако не одете на состанок несредени, со неуредна фризура и брада. Жените сакаат кога мажот обрнува внимание на својот изглед. Секако не заборавајте да го пофалите и нејзиниот изглед.

поврзани објави

Последни објави