6.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

Демократски Сојуз: Избор на нова Влада

Кризата се продлабочува, неизвесноста се зголемува, Македонија е се поизолирана, економијата е во колапс, институциите се разнебитени, северниот сосед води изборна кампања посочувајќи нè како нестабилна држава и лош пример, ЕУ повикува на одговорно и државничко однесување и бара трансфер на власта итн, но сето тоа не е битно за владејачката партија на заминување.

ВМРО ДПМНЕ и натаму ја блокира работата на Парламентот, спречи локалните избори да се одржат во законскиот рок, а техничката Влада ја трансформира како политичка и покрај тоа што таа го изгуби и легитимитетот и легалитетот.

Таканаречената “Тиранска платформа” која де факто не постои и од повеќето партии е отфрлена и натаму ја користи за поттикнување на меѓуетнички судири и прогласување на предавници на сите кои се за избор на нова Влада.

Во интерес на националните и стратешките интереси на Македонија, стабилноста, суверенитетот и територијалниот интегритет, Демократскиот сојуз, предлага да се одржат три седници на Собранието на Република Македонија и тоа по следниот редослед:

Прво, дваесет пратеници да побараат одржување на вонредна седница на Парламентот со единствена точка на дневниот ред: избор на претседател на Собранието.

Ваква седница мора да се одржи во рок од десет дена од денот на доставување на барање за вонредна седница.

Второ, да се постави прашање за доверба на Владатана Република Македонија и се изгласа на истата недоверба.

Седницата може да трае најдолго три дена од денот на доставување на предлогот за доверба на Владата.

Трето,мандатарот да достави предлог за избор на нова Влада и Програма за работа на новата Влада.

Изборот на Влада ќе мора да заврши најмногу  за 17 дена од денот на доставување на предлогот.

На овој начин согласно Уставот на Република Македонија и Деловникот за работа на Собранието на Република Македонија, ќе се деблокираат институциите и ќе започне процес на стабилизација на државата и нормализирање на животот на граѓаните.

Демократскиот сојуз е за политички дијалог и разрешување на сите отворени прашања преку разговори и без мајоризација на мнозинството, но за тоа треба се има култура за дијалог, која очигледно не постои, се вели во соопштението.

поврзани објави

Последни објави