6.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Поранешниот градоначалник на Монтреал влегува во затвор поради корупција

Поранешниот градоначалник на Монтреал Мајкл Елбаум беше осуден на една година затвор и две години условна казна за мито и злоупотреба на доверба.

Обвинителството бараше две години затвор за поранешниот градоначалник, но судијката одлучи дека една година зад решетки ќе биде доволна казна, за да направи од него модел на “одвраќање и показателност”, рече обвинителката Натали Клебер откако пресудата беше изречена.

Според одбраната одлуката е “во согласност со она што можевме да очекуваме”, вели адвокатот Пјер Тијдесл. На крајот на јануари судот во Квебек покрена обвинение против Мајкл за злоупотреба на својата функција. како и за соучество за дела извршени пред да стане градоначалник на Монтреалската урбана агломерација. Поранешниот градоначалник беше прогласен за виновен по осум од четиринаесеттиот члена, за обвинувања за кои беше уапсен во 2013 година Во случаите на корупција тој може да добие казна затвор до пет години затвор.

Тој земал мито од компании за недвижности и фирми за граѓански проекти, фаворизирал компании за набавки во перидото меѓу 2007 и 2010 година.

поврзани објави

Последни објави