8.8 C
Skopje
Tuesday, December 10, 2024

Во Србија почна изборниот молк

Во Србија на полноќ почна предизборниот молк со што е забранета каква било изборна пропаганда преку средствата за јавно информирање, одржување на јавни собири и објавување на проценки за изборните резултати.

Предизборниот молк ќе трае до втори април до 20 часот односно до затворање на избирачките места.

Во трката за претседател на Србија учествуваат 11 кандидати, а изборните места в недела ќе бидат отворени од седум до 20 часот.

Ќе се гласа на 8.523 изборни места во Србија, во Косово на 90, а во странство ќе бидат отворени 53 гласачки места во 32 држави.

Резултатите од гласањето во странство не смеат јавно да бидат ибјавени пред да завршат изборите во Србија.

поврзани објави

Последни објави