Во Кина е откриена најголемото пронаоѓалиште на злато, чиј резерви се проценуваат околу 380 тона, а вредноста над 22 милијарди долари, објави групацијата Шандонг Голд на конференцијата за медиуми во Пекинг.
Рудникот се ноаѓа во регионот Лаиџу- Џаојуан на северозападниот дел на полуостровот Џиадонг, во источната кинеска покраина Шандонг, и има капацитет да произведува злато во наредните 40 години. Овој регион има најголемо лежиште на злато во Кина, а овој рудни поседува 20 проценти од вкупните 1.843 тони злато резерви во земјата.