Лидерот на СДСМ, Венко Филипче изјави дека СДСМ е подговен за предвремени парламентарни избори.
„Тоа што има најава за предвремени парламентарни избори само три месеци по формирањето, покажува дека на Владата навистина не и оди. Теренската анкета покажува дека над 65% од граѓаните не се задоволни од работата на Владата“, рече Филипче и додаде:
„Што се однесува до СДСМ, ние сме подготвени да одиме на било какви избори, од денеска па натаму“, рече Филипче.
Во четвртокот на пратенички прашања, премиерот Христијан Мицкоски го повика Венко Филипче на предвремени парламентарни избори заедно со локалните.
„Сигурни сте дека сакате избори? Ние сме подготвени да бидат заедно со локалните, но да не бидете после разочарани“, рече тогаш Мицкоски.
Инаку, на социјалните мрежи доцна синоќа осамна видео, на кое се гледаат Филипче и Заев на забава која неодоливо потсетува на гранде журката на познатиот пејач Харис Џиновиќ во ексклузивниот хотел „Хилтон“ во Дубаи на 25 и 26 октомври октомври годинава.
Српските медиуми веќе известија за журката на познатиот пејач во Дубаи, нарекувајќи ја „дернек каков што не се памети“, а влезниците чинеле и по неколку стотици евра.