1.8 C
Skopje
Thursday, November 7, 2024

Општина Каменица распиша Јавна набавка за реконструкција на дел од доводниот цевковод за село Луковица и село Тодоровци

Општина Македонска Каменица распиша Јавна набавка за реконструкција на дел од доводниот цевковод за село Луковица и село Тодоровци, во должина од 700 метри, со цел подобрување на снабдувањето со чиста и здрава вода за пиење.

Претходно, преку активности спроведени од ЈП „Камена Река”, веќе е реконструиран цевководот во должина од 800 метри. За следната година е планирана реконструкција на преостанатите 1000 метри од водоводот, со што трајно ќе биде решен проблемот со водоснабдувањето во овие рурални средини.

Општина Македонска Каменица постојано работи на подобрување на квалитетот на условите за живот во сите рурални средини, придонесувајќи за одржлив развој и унапредување на животниот стандард на сите наши сограѓани.

Проценетата вредност за извршување на реконструкцијата на овој доводен цевковод во селата Луковица и Тодоровци изнесува 616.101,69 денари без ДДВ. Средствата се обезбедени од буџетот на општина Македонска Каменица

Линк до објавениот оглас за јавна набавка: https://e-nabavki.gov.mk/PublicAccess/home.aspx#/dossie/a25481d0-8d0d-49f6-94aa-5b57f86fe7b5/13

поврзани објави

Последни објави