6.8 C
Skopje
Thursday, December 12, 2024

Интервентно чистење на базените и доводните цевководи од системот за водоснабдување на сите приградски населени места во Стара Каменица и во село Дулица

Вршиме интервентно чистење и дезинфекција на базените и доводните цевководи од системот за водоснабдување на сите приградски населени места во Стара Каменица и во село Дулица.

Претходно, од страна на ЈП Камена Река, беше уреден и дополнително заштитен зафатот за вода на м.в. Јуручки гробишта во село Цера, активност со која успеавме значително да ги подобриме условите за постојано обезбедување на чиста и здрава вода за пиење.

Сите овие работни активности се спроведуваат во рамки на подготовките за пуштање во употреба на новата филтер станица во село Цера, која веќе е инсталирана и ќе биде ставена во функција веднаш по завршувањето на подготвителните работи.

Со овој проект, потврдуваме дека грижата за здравјето на граѓаните во сите населени места е приоритет во нашето работење. Ќе продолжиме да вложуваме во унапредување на снабдувањето со квалитетна вода за пиење на сите жители на општина Македонска Каменица.

поврзани објави

Последни објави