6.8 C
Skopje
Monday, December 9, 2024

Почина 5 годишно дете на Детската клиника – трет смртен случај во установата за еден месец

Почина 5 –годишно дете од воспаление на мозокот на Клиниката за детски болести . Од Установата информираат дека девојчето од Скопје кај нив било хоспитализирано пред две недели поради силна главоболка. Најпрвин било лекувано на одделот за неврологија, но минатата недела состојба и се влошила и ја префрлиле на одделот за интензивна нега каде и била направена и интубација, но како што велат од Клиниката и покрај сите напори на медицинскиот кадар не успеале да го спасат детето кое развило менинго-енцефалит, а завчера констатирале смрт.

– За еден месец ова е трет смртен случај на дете на Клиниката за детски болести. За 14 месечното девојче од Грчец се уште се води постапка за утврдување на евентуална лекарска одговорност, а за новороденчето од Струмица ДСЗИ согласно нивните надлежности не констатираше пропусти во лекувањето.

Засега нема информации дали и каде било лекувано 5 –годишното девојче пред да биде донесено на Детска. Од ДСЗИ информираат дека и за овој случај ќе извршат вонреден инспекциски надзор, по што ќе ја информираат јавноста за фактичката состојба околу третманот на починато дете.

поврзани објави

Последни објави