Авион на компанијата „Сан Експрес“ бил пренасочен кон турскиот град Дијарбекир, за време на летот Анталија-Ван, поради неидентификуван објект кој се појавил на небото над Ван, објави порталот Хаберлер.
По полетувањето од Анталија во петокот во 17:05 часот, патничкиот авион морал да ја промени маршрутата откако добил предупредување од контролната кула при слетувањето во Ван.
Патниците во авионот, кој според упатствата на контролата на летот слетал на аеродромот во Дијарбакир наместо на аеродромот во Ван, за ситуацијата биле информирани од кабинскиот екипаж.
По тој инцидент, екипите на Одделот за воздухопловство на полициската управа Ван извршиле детално скенирање на воздушниот простор со помош на дронови против можна безбедносна закана.
Меѓутоа, за време на опсежното истражување, наводно не бил пронајден никаков предмет на небото.
По принудното слетување во Дијарбекир, авионот на линијата Анталија-Ван со мерки на претпазливост сепак ги однел патниците до Ван каде доцна синоќа во 22.10 часот слетал.