11.8 C
Skopje
Wednesday, December 11, 2024

МАЛ АВТОМОБИЛ, НО ГОЛЕМ КРИМИНАЛ ВО СКОПЈЕ Полицијата нашла 6 килограми марихуана, 442 екстази, пиштол, придушувач и куршуми во „мини“

Полицијата, при претрес на возило во Скопје, пронашла огромно количество дрога и огнено оружје, а поднесена е кривична пријава против две лица, од кои едното лице е во бегство.

„Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција, во координација со Единицата за недозволена трговија и ЕУМНА при СВР Скопје, презедоа опсежни истражни дејствија во врска со настан од 2 октомври 2024 година кога на ул. Ѓурчин Кокале во Скопје беше пронајдено патничко моторно возило „мини“ и при извршен претрес на 2 октомври 2024 година, околу 01 часот, по претходно обезбедена судска наредба, во возилото се пронајдени 6,2 килограми марихуана, 442 таблети екстази (мдма), пиштол, осум куршуми, пригушувач од пиштол, 14,2 мл хашиш смола, машина за вакумирање две дигитални ваги, соопшти Министерството за внатрешни работи“, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Со цел расчистување на случајот, повикани се повеќе лица на службен разговор и извршени се претреси на домови на повеќе локации на подрачје на Скопје кај лица за кои постоело сомнение за нивна можна инволвираност во овој случај.

На 7 ноември 2024 година е извршен претрес во дом на О.А. во Скопје, при што се пронајдени марихуана, мобилен телефон и други предмети, по што О.А. е лишен од слобода.

На 8 ноември 2024 година, од страна на СВР Скопје до ОЈО Скопје е поднесена кривична пријава по член 215 и 396 од Казнениот законик (КЗ) против О.А., кој е лишен од слобода, и против М.З. од Скопје, кој е во бегство и се преземаат мерки за негово пронаоѓање.

поврзани објави

Последни објави