Жители на Арачиново го блокираа патот Арачиново-Куманово во двата правци на краток период, откако поголема група од околу 200 лица се појави на самиот пат.
Оваа информација ја пренесе АМСМ, но набрзо потоа информираа и дека протестот кај клучката Арачиново и обиколницата заврши, па веќе сообраќајот е нормализиран во двата правци.
Блокадата најверојатно е протест на граѓаните на Арачиново, а за што точно станува збор ќе дознаеме во текот на денот.