7.8 C
Skopje
Tuesday, December 10, 2024

ДРЖАВНИОТ ОБВИНИТЕЛ МЕ СУСПЕНДИРА ЗАШТО НЕ ДОНЕСОВМЕ НАРАЧАНА ОДЛУКА Коцевски ми врши брутален притисок, неговата ќерка изнесува информации од ЈО

Шефот на Вишото јавно обвинителство Скопје Мустафа Хајрулахи денеска повторно го обвини републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски дека му врши брутален притисок, со цел Вишото ЈО да донесе нарачана одлука за предметот со бонусите во поранешното Специјално јавно обвинителство, односно да ја потврди одлуката на ЈО за гонење на организиран криминал и корупција за одбивање на кривичната пријава што ја поднесе партијата ВМРО-ДПМНЕ.

Хајрулахи го обвини Коцевски и дека изнесува информации од Републичкото обвинителство преку неговата ќерка, за која од свиркач добил снимка дека изнесените информации ги предала на еден медиум.

Додаде и дека пријавата во Штип е поднесена на 31 октомври, дента кога кажал дека ќерката на Коцевски изнесува информации во јавноста.

– Во врска со наводно нарушените меѓучовечките односи во ЈО. Дали може да се создаде слика за една институција од четворица вработени во Обвинителството? Самите тие дојдоа и ми кажаа дека се инструирани и излажани и дека се прави тенденциозно, за да се оцрни мојата работа. Ми рекоа, обвинителе, ќе ве разрешат и ќе дојде на вашето место обвинителката која го сака тоа место – рече денеска вишиот обвинител Мустафа Хајрулахи.

поврзани објави

Последни објави