4.8 C
Skopje
Thursday, December 26, 2024

Ахмети се заканува: Сите албанци ќе се кренат на нозе ако се чепне Законот за употреба на јазиците

Нова закана на Али Ахмети. Опозицијата очигледно тешко му влијае на лидерот на ДУИ, па повторно реши да се заканува на национална основа. Сите Албанци ќе се кренеле на нозе, доколку Уставниот суд одлучел да го промени или укине Законот за употреба на јазиците.

-Ако се допре албанскиот јазик сите Албанци ќе се кренат на нозе, изјави Ахмети.

ДУИ и преку соопштение објаснуваа што точно да кажува Ахмети. Велат ги уверил партиските членови, дека немало да дозволи уништување на постигнувањата со многу жртви.

-Вечерва на средбата со народот организирана од огранокот на ДУИ во Шуто Оризари разговаравме за понижувањата, отпуштањата на Албанците, обидите за укинување на албанскиот јазик, балансерот и поништувањето на сите достигнувања на Албанците пред очите на прекршителите на волјата на Албанците од ВЛЕН, изјави ДУИ.

Премиерот Христијан Мицкоски вели сите се навиквнале Ахмети секојдневно да биде фактор на нестабилност и со воинствени повици, да се обиде да предизвика некакви немири. Според Мицкоски, првиот човек на ДУИ нема да успее во овој план, но сепак предизвикува загриженост кај него, но и кај меѓународниот фактор.

-Ние се навикнавме сега од таквите изјави на господинот Али Ахмети, да повикува на воинственост, да биде фактор на нестабилност. Претпоставува пораката се однесува на истите оние уставни судии, кои што тој во Речица и овие на Бихачка ги поставија во Уставниот суд. Бидејќи законот за употреба на јазиците е во Уставниот суд, бидејќи таму ги погледнете ќе ги видите луѓето кои што излегоа од тефтерчето во Мала Речица и на Бихачка, така што претпоставува притисокот врз тие луѓе продолжува, изјави Мицкоски.

Ахмети не говори прв пат за Законот за употреба на јазиците. Претхдоно говореше дека евентуални измени или негова реизија, не се само контроверзни, туку и штетни за напредкот и соработката меѓу заедниците и според зборовите на Ахмети, враќање на периодни на несигурност.

поврзани објави

Последни објави