Чест ми беше да бидам дел од владината делегација која денеска оддаде почит на борците кои ги положија своите животи за ослободување на Скопје.
Јубиларно по 80 пат го прославуваме и оддаваме почит на херојството, пожртвуваноста, заедништвото и истрајноста.
Се поклонуваме на вербата, надежта и идеалите на нашите предци заслужни за слободно Скопје.
Таа синергија од пред осум децении е и наша обврска и водилка сега и за во иднина.
Во чест на хероите и како наша обврска за идните генерации, час поскоро Скопје треба да се разбуди, посветено и истрајно да продолжи да се развива и напредува.
Тоа го должиме на скопјани, градот убав пак да никне.
Честит празник Скопје и мои скопјани, стои во објавата на министерот Златко Перински.