6.8 C
Skopje
Monday, December 9, 2024

Николоски: Проектот “Купи куќа за млади” стартува од следната година

После Нова година ќе излеземе со условите и начинот на кој младите брачни двојки ќе можат по поволни услови да учестуваат на проектот “Купи куќа за млади”, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски.

“Сакам да најавам дека од следната година, ќе почнеме да го развиваме проектот “Купи куќа за млади” кој што треба да овозможи на многу млади брачни двојки да се стекнат со сопствен дом по исклучително поволни услови. Затоа ги спремаме плановите и после Нова година ќе излеземе со конкретни предлози во кои општини ќе може тоа да се реализира и на кој начин ќе можат младите брачни двојки да добијат подршка и помош за сопствен дом” -изјави министерот Николоски

Тој денеска се обрати на настанот во организација на Сојузот на стопански комори поврзан со иновативни решенија за паметни домови.

“Иновативните предлози значат забрзување на стопанскиот и економскиот раст. Дополнително има уште еден сегмент кој се однесува на дуалното образование и мислам дека тоа е клуч за генерациите што доаѓаат и нешто што треба да даде нова можност за македонската економија. Тука ги вклучуваме и иновативните решенија во однос на начинот на градење и изведба на објекти. Ние како Влада стоиме на располагање со цел да дадеме подршка на вакви иницијативи, истакна министерот Николоски.

поврзани објави

Последни објави