Започнувме со спроведување на завршните активности за санирање на ударните дупки на улица Церска, како и на останатите улици во населбата Суво Маало во Македонска Каменица. Иницијативата е дел од нашите постојани напори за подобрување на патната инфраструктура и безбедноста на сите учесници во сообраќајот.
Со оглед на приоритетната важност од добра мобилност и безбедност на граѓаните во сообраќајот, ве повикувам да пријавувате локации со слични оштетувања на локалната патна инфраструктура и во останатите урбани, приградски и рурални средини во нашата општина. Вашите пријави ќе бидат внимателно разгледани и оштетените места ќе бидат санирани во наредниот период.
Ви благодариме за поддршката при реализацијата на овој проект, со извинување за потешкотиите и евентуалните непријатности, преизвикани од подготвителните градежни активности и активностите за време на изведувањето на санацијата.