Денес, по повод големиот христијански празник Св. Архангел Михаил, присуствував на традиционалниот црковно-народен собир во манастирот Св. Архангел Михаил, кој се наоѓа во Аџиско Маало, село Саса.
Овој празничен ден е посебна можност за духовно обединување и оддавање почит на нашите свети места, кои го носат духот и традицијата на нашата заедница.
Со цел да го подобриме квалитетот на живот на месното население и сите верници кои го посетуваат овој манастир, Општина Македонска Каменица во изминатиот период инвестираше во изградба на помошни објекти од отворен тип, кои веќе се на располагање за сите граѓани. Исто така, за 2025 година е планирано асфалтирање на локалниот пат до манастирот, со што значително ќе се олесни пристапот за локалните жители и сите посетители од Македонска Каменица и регионот.
Да продолжиме заедно да го негуваме духовното и културното наследство на Македонска Каменица.
За многу години!