7.8 C
Skopje
Wednesday, December 11, 2024

Нов паркинг во завршна фаза во Македонска Каменица: Проектот – 800 метри квадратни простор

Денеска ја реализиравме финалната фаза за асфалтирање и уредување на новиот паркинг простор на улица Илинденска. Овој проект, чија површина изнесува 800 метри квадратни, претставува значителен чекор во решавање на проблемите со паркирање на возилата во овој дел на Македонска Каменица.

Новиот паркинг обезбедува доволен број на паркинг места, со што ќе биде подобрена безбедноста во сообраќајот и значително ќе биде олеснета секојдневната мобилност на возачите и пешаците. За дополнителна сигурност, особено во вечерните часови, на паркингот ќе биде поставено и адекватно улично осветлување.

Паралелно со овие активности, интензивно работиме на санирање на оштетените делови од патната инфраструктура во целата општина. Ве повикувам да пријавувате локации со слични оштетувања во сите урбани, приградски и рурални средини. Вашите пријави се од исклучително значење за нас, бидејќи ни овозможуваат да интервенираме брзо и ефикасно.

Овие градежни активности се спроведуваат со средства од буџетот на Општина Македонска Каменица. За нивна реализација се издвоени 3.253.350 денари со вклучен ДДВ.

Општина Македонска Каменица останува посветена во решавањето на проблемите и подобрувањето на условите за живеење на сите свои граѓани. Ве уверувам, дека со веведување на повисоки стандарди во работењето, заедно ќе успееме да ја направиме општина Македонска Каменица уште поубаво и попријатно место за живеење.

поврзани објави

Последни објави