По успешно спроведената јавна набавка, започнаа активностите за инсталирање на 32 инвертер клими, за потребите на Основното општинско училиште „Св. Кирил и Методиј“ во Македонска Каменица.
Оваа иницијатива е дел од нашата стратегија за подобрување на енергетската ефикасност во јавните институции. Инвертер климите ќе придонесат за значителна заштеда на енергија и финансиски средства, со што ќе се обезбеди поекономично и еколошко греење и ладење на училиштето. Дополнително, со овој чекор овозможуваме значително подобрување на условите за работа на наставниот кадар и пријатен престој за учениците, создавајќи потопла и покомфорна средина.
Продолжуваме посветено да инвестираме во подобрување на јавната инфраструктура и условите во образовните установи, бидејќи веруваме дека вложувањето во младите и нивното образование е најважната инвестиција за иднината на нашиот град.
Со воведување на повисоки европски стандарди во нашето работење, продолжуваме заедно да градиме модерна, развиена и енергетски ефикасна Општина Македонска Каменица!
#МакедонскаКаменица #модерна #развиена #енергетскиефикасна #општина ООУ„Св. Кирил и Методиј“ – Македонска Каменица Општина Македонска Каменица