Денеска остварив средба со новоименуваната амбасадорка на Кралството Холандија во нашата земја, Узлем Џанел.
Разговаравме за досегашната соработката меѓу двете земји, за тековните проекти кои ги реализира Министерството за локална самоуправа и ги разгледавме можностите за реализација на конкретни проекти и иницијативи кои би биле во интерес на двете земји и нивните граѓани.
Се заблагодарив за константната поддршка од пријателска Холандија, која од осамостојувањето е еден од најголемите донатори и наш силен поддржувач на патот кон евроинтеграциите.