6.8 C
Skopje
Thursday, December 12, 2024

Општина Македонска Каменица распиша Јавна набавка за изградба на фекална канализација во селата Луковица и Тодоровци

Општина Македонска Каменица распиша Јавна набавка за изградба на фекална канализација во селата Луковица и Тодоровци. Станува збор за нов чекор напред во реализацијата на нашиот долгорочен план за подобрување на условите за живот во сите населени места во нашата општина.

Со оваа инвестиција, ќе биде изграден дел од Крак 5 од канализациониот фекален систем, со кој во иднина, покрај домаќинствата од Луковица и Тодоровци ќе бидат опфатени и домаќинствата во село Косевица.
Изградбата на овој инфраструктурен проект значи решавање на еден од најгорливите проблеми на жителите на овие села, со обезбедени современи и хигиенски услови за живеење и спречување на понатамошно загадување на животната средина.

Средствата за реализација во износ од 2.669.491,00 денари без ДДВ се обезбедени од Буџетот на Општина Македонска Каменица. Рокот за реализирање на проектот е 180 денови од денот на потпишување на Договорот за изградба.

Остануваме посветени на континуиран и забрзан развој за подобрување на условите за живеење на сите наши граѓани. Ве уверувам дека со заеднички напори ќе успееме да изградиме уште поубава, посовремена и развиена Македонска Каменица.

Линк до објавениот оглас на Бирото за јавни набавки: https://e-nabavki.gov.mk/PublicAccess/home.aspx?fbclid=IwZXh0bgNhZW0CMTEAAR14OzGObjTMqO-6jwCJ215NfkRXdD-L1o9ghRt2gd2XI8d3tv4RS2YgZok_aem_PwkXDg3e3Ig_fHDsAxanGA#/dossie/acdb2fe1-551b-465f-b571-e128b21f97da/14

Општина Македонска Каменица #Општина #МакедонскаКаменица #модерна #развиена #екологија #чистасредина #современа #модерна

поврзани објави

Последни објави