Поранешната претседателка на Јужна Кореја, Парк Геун- Хје сега е позната само како затвореник број 503 и се наоѓа во самица од големина 10.6 квадратни метри, што е скоро два пати поголема од обичната самица со површина од 6.5 квадратни метри.
После апсењето, поранешната претседателка ја помина првата ноќ во самица. Добила и затворска униформа, ќебе и чинија за мензата, пренесува „АФП“.
Чуварите кој ја придружувале изјавиле дека се расплакала кога ја видела ќелијата и односот кон неа. Потпаролот на сеулскиот окружен суд вчера соопштил дека поранешната претседателка на државата е уапсена поради тоа што е осомничена за корупција и злоупотреба на службената должност.