8.8 C
Skopje
Tuesday, December 10, 2024

(ФОТО) СДСМ конструктивна не се појавија на седницата за пратенички прашања

Нема ништо од конструктивна опозиција на СДСМ откако денеска на пратеничките прашања за работењето на Владата и министрите, не се појави ниту половина пратеничката група и претседателот на СДСМ, Венко Филипче.
На седницата присутни беа само поранешната директорка на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска и пратеникот Митко Трајчулевски, од едвај 16 пратеници на пратеничката група на опозициската СДСМ.

Ниту Венко Филипче, ниту поранешните министри за одбрана Славјанка Петровска, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, а ниту бившиот премиер и претседател на СДСМ Димитар Ковачевски не беа присутни и не го искористија правото да го прашат премиерот Христијан Мицкоски за работењето на Влада, иако изминатиот период постојано критикуваат и обвинуваат, се поочигледно е дека не се баш и заинтересирани за граѓаните.

Инаку. Филипе вчера по речиси 6 месечен обид конечно избра ново раководство и рече дека ја увиделе грешката за работењето на претходното раководство на партијата, кое веќе наидува на критика од страна на јавноста и поранешните високи партиски членови и активисти на СДСМ.

поврзани објави

Последни објави