Државниот обвинител Коцевски е октроиран од неколку обвинители на сега згаснатото СЈО, изјави суспендираниот шеф на Вишото обвинителство Скопје, Мустафа Хајрулахи во поткастот „Претрес“. Тврди дека Обвинителството до сега функционирало како тајно друштво од чии ѕидини не можело да излезе никаква информација во јавноста.
„Од редот на обвинителство нема групариња, ние сме едно. Тоа е само кај обвинители од поранешното СЈО. Преку такви групировки сакаат да се спасат својата судбина од правните последици поради работата во СЈО, како за делените бонуси, начинот на работа, со што се служеле… Проблемот настана поради случајот со бонусите на СЈО, кој по жалба од Организиран криминал стигна кај нас.Јавниот обвинител Коцевски е октроиран од обвинители од поранешното СЈО. Особено од еден обвинител кој знае да има дијареа и под негова контрола си прави што сака. Коцевски е под директна контрола на неколку обвинители од бившото СЈО. Предметот за бонусите за СЈО стигна кај нас, половичен, не целосен, без пропратните документи. Тој предмет се шуткал од обвинител до обвинител. Последниот обвинител кој постапувал, ако постапувал, е во јануари 2023 година, две години подоцна. Сериозен предмет за злоупотреба на буџетот. Зошто не се постапува?! Во декември 2023 година обвинителот бара изземање, а барал и претходно, но не му е дозволено. Но во декември после еден ден од барањето се иззема обвинителот, по одлука на сегашниот Обвинител на организиран криминал и за 4 дена, се носи решение за отфрлање на кривична пријава. На самата корица од предметот со пенкало се потпишани двајцата обвинител. Потписот е на обвинителот Абази “, рече Хајрулахи.
Тој потсети дека 11 обвинители од СЈО си поделиле 950 000 евра. 30 истражители милион евра поделени, за 100 вработени, како шофери, доставувачи, 2 милиони евра или еден вработен 20 000 евра. 20 волонтери поделиле 50 000 евра или 2 500 евра по волонтер. Сите овие земале додатоци за тајност.
И после ние ќе разговараме за законито работење на СЈО– вели Хајрулахи додавајќи дека Државниот завод за ревизија недвосмислено кажува дека парите незаконски се поделени.
Тој смета дека е потребно целосно испитување на случајот со бонусите, а постапката била скандалозна. Смета дека е потребно да се води темелна истрага, а не да се донесе решение за отфрлање на кривичната пријава за еден ден, без никакво преземено дејствие. Ниту еден од овие пријавени не е сослушан за три години. Кога дошол предметот кај нив бил повикан од Коцевски.
Коцевски ми рече буквално со најпрости зборови: Предметот од СЈО да се потврди, на ВМРО-ДПМНЕ да не се даде својство на оштетен. Дали партијата ќе има својство на оштетен не е моја работа. За тоа треба да одлучи обвинителот кој го работи предметот – вели Хајрулахи.
Ad