6.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ со секоја прес конференција покажуваат во каква паника е партијата

ВМРО-ДПМНЕ со писмено соопштение реагира на прес конференцијата на Петре Шилегов од СДСМ.

„Криминогеното раководство на СДСМ нема да може да ги спаси од одговорност сите наркодилери кои му помагаа на криминалецот Зоран Заев изминатиов период, а нема да може ниту самото да ја избегне одговорноста пред законот.

Петре Шилегов и криминогеното раководство на СДСМ со секоја нова прес конференција покажуваат во каква паника е нивната партија, откако народот јасно им кажа дека залудно ја прифатиле Тиранската Платформа и залудно се пазареле со највисоките државни и национални интереси, бидејќи тиранска влада нема да ја води Република Македонија.

Стравот на Петре Шилегов и криминалецот Зоран Заев дека ќе треба да одлежат долгогодишни казни затвор е оправдан. Залудно ги прифаќаа сите уцени. Залудно молеа да бидат амнестирани за предметот „Пуч“ преку нивната Катица Јанева. Залудно бараа поддршка и молеа за заштита од наркодилери од Арачиново, Тетово и Скопје. Залудно се договараа со мафијата и подземјето да го поддржи СДСМ и криминогеното раководство.

Народот се крена и се спротистави на предавничката политика на Заев и компанија.

Во Република Македонија има закони и тие важат подеднакво за сите.

Заканите кон судовите и судиите нема да му помогнат на криминалецот Зоран Заев колку и да бега од правдата. Ќе си одлежи и за барањето поткуп и за Цареви Кули и за незаконското финансирање на изборите и за Пуч.

ВМРО-ДПМНЕ ги охрабрува судиите да не потклекнуваат на притисоците на СДСМ. Помина времето кога тие политички си бираа над 600 судии на собраниска седница и кога единствен критериум беше членската книшка од Бихаќка.

Граѓаните не дозволуваат криминалците од СДСМ да ја вратат Македонија назад во црните 90-ти години.

Народот е на нозе!

Македонија се буди“ стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

поврзани објави

Последни објави