6.8 C
Skopje
Monday, December 9, 2024

Рама изразува загриженост за „европската неспособност“

Премиерот на Албанија, Еди Рама изразува загриженост, за како што вели, слабоста на ЕУ.

Албанскиот премиер оцени дека неспорно е оти може да се говори за руско влијание на Балканот, но нагласи дека до тоа дошло поради „празнината“ што ја осртавила ЕУ.

„Тоа е главниот проблем на Балканот денес, а сето останато се последици. Не изненадува тоа што некој се обидува да ги пополни празнините. Геостратешката стабилност на регионот зависи од САД и ЕУ“, изјави Рама

Тој додаде дека се надеваат дека нема да дојде до рестартирање на француско – германската оска.

Рама во изјавата нагласи дека повеќе го загрижува „европската неспособност“ од неизвесноста што ја носи новата Администрација на американскиот претседател Доналд Трамп.

поврзани објави

Последни објави