11.8 C
Skopje
Thursday, April 25, 2024

Зајакнати безбедносни мерки на аеродромите и нуклеарните центри во Велика Британија – постои опасност од терористички напад?

Лондонскиот весник „Телеграф“ денеска објави дека аеродромите и нуклеарните централи во Велика Британија добиле наредба за преземање зајакнати безбедносни мерки поради опасност од терористички напади.

Според весникот, британските разузнавачки служби имаат сознанија дека џихадистичката организација Исламска држава (ИД) и некои други терористички групи подготвиле планови за поставување експлозивни напрваи во лаптопи и мобилни телефони, кои не би можеле да бидат откриени при безбедносните контроли на аеродромите.

Англиските медиуми пренесуваат дека и службите, исто така, предупредуваат дека хакери би можеле да извршат кибер напади врз електронските системи за безбедност на британските нуклеарки.

Според весникот, разузнавачите имаат сознанија дека „терористи, странски шпиони и хакери“ се обидуваат да ја искоритста „ранливоста на интерент заштитата“ на британската нуклеарна индустирја.

поврзани објави

- Advertisement -
- Advertisement -spot_img

Последни објави