Лондонскиот весник „Телеграф“ денеска објави дека аеродромите и нуклеарните централи во Велика Британија добиле наредба за преземање зајакнати безбедносни мерки поради опасност од терористички напади.
Според весникот, британските разузнавачки служби имаат сознанија дека џихадистичката организација Исламска држава (ИД) и некои други терористички групи подготвиле планови за поставување експлозивни напрваи во лаптопи и мобилни телефони, кои не би можеле да бидат откриени при безбедносните контроли на аеродромите.
Англиските медиуми пренесуваат дека и службите, исто така, предупредуваат дека хакери би можеле да извршат кибер напади врз електронските системи за безбедност на британските нуклеарки.
Според весникот, разузнавачите имаат сознанија дека „терористи, странски шпиони и хакери“ се обидуваат да ја искоритста „ранливоста на интерент заштитата“ на британската нуклеарна индустирја.