Во последно време популарни се пијалоците кои би требало да го забрзаат метаболизмот и да помогнат во слабеењето.
Медот е една од најздравите намирници во светот со толку благотворни ефекти на телото што е тешко да се набројат, па и повеќе од добро е денот да се започне токму со конзумација на мед односно утрински пијалок со мед кој ќе го подобри варењето, а освен тоа ќе донесе уште низа корисни ефекти за организмот.
За почеток ќе го регулира варењето – ќе го олесни минувањето на храната во системот за варење и ќе ги неутрализира гасовите кои се произведуваат во него. Ќе го смири желудникот, бидејќи медот докажано помага во лечење на бактерискиот гастроентеритис и чирот на желудник.
Бидејќи медот има силно антибактериско дејство, ќе помогне со своите ензими, минерали и витамини во борбата против штетните бактерии, а ќе помогне и во исфрлање на токсините од телото.
Покрај тоа, медот ефикасно го регулира нивото не шеќер во крвта и помага при слабеењето ако се додаде и свежо исцеден сок од лимон.
За утрински пијалок со мед потребно е 200 мл млака вода, 1 лажичка мед, сок од половина лимон (по желба). Медот лесно се меша во млаката вода се додека лажичката не е целосно чиста, се пие веднаш после будење.