4.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

Мицкоски за сквернавењето на македонското знаме: Предупредувавме за ова, но милост нема да имаме за никој!

Премиерот Христијан Мицкоски најостро го осуди сквернавењето на македонското знаме за време на вчерашното славење на Денот на албанското знаме. Тој вели дека претходно предупредувале како Влада за можни инцидденти и обиди за етнички тензии.

„Најостро го осудувам. Тоа сепак претставува чин на агресија, нешто за кое ние предупредувавме дека ќе се случува, дека ваков тип на обиди за ескалација и креирање на етнички тензии дека ќе има и во иднина. Ако мислите дека ова ќе биде изолиран случај, нема да биде, очекувајте дека ќе ги има, бидејќи како правдата пополека, но сигурно се доближува до криминалците и како ќе затропа на нивните врати, така тие ќе стануваат понервозни, понетрпеливи и единствениот начин да го одбранат криминално стекнатиот капитал е токму вака со манипулирање и предизвикување ваков тип на инциденти“ изјави Мицкоски.

Тој ја поздрави навремената реакција на МВР и Бирото за јавна безбедност кои, како што рече не дозволиле ескалација на настаните.

-Честитам на навремената, трезвена, државничка реакција на МВР и Бирото за јавна безбедност, СВР Скопје, припадниците на МВР кои не дозволија ескалирање, но истовремено реагираа во насока на приведување на лица кои го сквернавеа македонското државно знаме. Тие се веќе приведени, во текот на денот се очекува да бидат изведени пред судија, рече Мицкоски.

Тој порача дека нема да има милост кон никој и апелираше до граѓаните да не дозволат криминални групи да ја дестабилизираат Македонија.

поврзани објави

Последни објави