ЉУПЧО НИКОЛОВСКИ БИЛ ПОБОРНИК ЗА ИСТОКОТ?!
Госпоѓо градоначалничке на Македонска Каменица, дали знаете кој е Љупчо Николовски кој се обидува да се претстави како загрижен за Пијанечко-малешевскиот регион и неговиот развој?

Дали знаете дека токму во периодот кога Љупчо Николовски беше министер, се отвораа сериозни прашања за уништувањето на планината Средна, експлоатацијата на шумите и работата на фирми за кои се тврди дека биле блиски до него?
Дали знаете дека за овие наводи јавноста заслужува одговори, институциите треба да спроведат темелна истрага, а секој за кого ќе се утврди одговорност мора да одговара пред законот, без разлика на функцијата и имунитетот што го ужива?
Љупчо без пратенички имунитет сега ќе беше на друго место!
И уште нешто: каде беше Љупчо Николовски во изминатата деценија? Зарем немаше доволно време и можности да ги реализира проектите за кои денес зборува?
Зошто токму сега се сети на Пијанец и Малешевијата?!
На граѓаните не им се потребни политички претстави, популизам и празни ветувања. Им требаат конкретни резултати, одговорност и грижа за природното богатство на регионот.
Пијанец и Малешевијата не се ничија приватна сопственост!
Доста е од политичари кои кога се на власт молчат, а кога ќе дојде време за политички поени, одеднаш стануваат најголеми загрижени за народот!
И градоначалничке еден добронамерен совет од нас. Не си го валкајте името со ликови како Љупчо Николовски! Не ги слушајте Ферус, Забавачот и слични како нив. Само така ќе бидете сигурни дека сте на правиот пат… 😉
Никогаш повеќе политичкиот модел на СДСМ! Никогаш повеќе празен популизам!





