Наскоро во употреба се очекува да биде пуштена новата спортска сала кај УКИМ, која што ги исполнува сите услови за меѓународни натпревари и ќе биде во сопственост на самиот Универзитет.
Оваа инвестиција која е вредна 154 милиони денари е речиси при крај. Истата се простира на површина од 2,067 метри квадратни. Салата има капацитет од 800 столчиња.
„Ова е инвестиција која во последниве седумдесеттина години на универзитетско спортско ниво се нема случено во Македонија. Ова е прв ваков објект што ги исполнува сите меѓународни стандарди за меѓународни натпревари и ќе биде сопственост на Универзитетот“, изјави Марјан Спасески, директор на Агенцијата за млади и спорт.
Спасески исто така најави и уште една помала типска спортска сала, која ќе биде потребна по префрлањето на Факултетот за физичка култура на овој кампус.