Поради брзиот начин на живот, лошата исхрана и недостатокот на физичка активност, зголеменото ниво на маснотии во крвта е болест на денешницата.
Поради брзиот начин на живот, лошата исхрана и недостатокот на физичка активност, зголеменото ниво на маснотии во крвта е болест на денешницата.
Лицата кои го имаат овој здравствен проблем можат да забележат наслаги на масно ткиво со жолта боја во облик на плочи или јазли во горните очни капаци или на некои други делови на телото.
Со напредувањето на болеста доаѓа до здебелување на ѕидовите на крвните садови – атеросклероза, на која придонесуваат и други ризични фактори (пушењето, алкохолот, никотинот), а како последица најчесто се појавуваат кардиоваскуларните болести кои се една од најголемите причини за смртност во светот и кај нас.
Доколку имате зголемено ниво на маснотии во крвта, го препорачуваме овој лек, бидејќи на многумина им помогнал.
Состојки: суви смокви и јаболков оцет
Лекот направете го навечер, а пијте го наутро.
Земете три суви смокви и добро избодете ги со чепкалка од сите страни, а потоа ставете ги во стаклен сад во кој сте сипеле 2 дл јаболков оцет.
Оставете го лекот да отстои преку ноќ, а наутро изедете ги смоквите. Преостанатиот оцет немојте да го фрлате, туку во него наредната ноќ повторно натопете три смокви приготвени на истиот начин.
Тие 2 дл оцет користете ги седум дена – смоквите ќе ја впијат повеќето од течноста.
Осмиот ден земете нови 2 дл оцет и повторете ја постапката уште една недела.