33.8 C
Skopje
Wednesday, August 20, 2025

Атанасовски на работна средба со кординатори на советнички групи и членови на Совет на општина Каменица

Одржав работна средба со дел од координаторите на советничките групи и членови на Советот на Општината, посветена на утврдување на активностите за креирање на општинскиот буџет за 2025 година и успешна реализација на претстојните форумски сесии со граѓаните.

Граѓанските форумски сесии ќе овозможат активна вклученост на граѓаните и нивна непосредна вклученост во процесот на одлучување, со што се унапредува партнерството меѓу општината и заедницата.

Исто така, со ваквата методологија на креирање на буџетот на Општина Македонска Каменица дополнително се зголемува транспарентноста и отчетноста на општината, со цел подобро насочување на средствата кон реализација на приоритетните проекти за граѓаните од урбаната и руралните средини.

поврзани објави

         

Последни објави