Сигурно барем еднаш ви се има случено да сонувате некој сон, убав или не, а да се разбудите и да не запaмтите, или не го досонувате до крај сонот.
Сонувате некој идни случувања или убави во кој уживате, но пред самото „финале“ се разбудите. Соновите во кој сонувате, а во кој има многу детали се нарекуваат луцидни сонови. Во текот на луцидниот сон ние сме свесни дека сонуваме, дури сме и во можност и на свесен начин да влијаеме на случувањата во сонот.
Она што е секако неминовно, е секако дека ќе се разбудиме во еден момент од сонот. Научниците се обидуваат да откријат дали будењето навистина настапува пред некој очекуван момент во сонот.
Во фаза на „РЕМ“ или фаза на брзо мрдање на очите, најмногу сонуваме. Тие сонови се долги и убави и можат да останат во нашите сеќавања кога ќе се разбудиме. Меѓутоа истражувањата покажале дека во соновите се возможни и „НРЕМ“ фаза, фаза во која очите не прават брзи движења и дека тој сон нема да биде запамтен.