7.8 C
Skopje
недела, октомври 26, 2025
spot_img

“Митот за недопирливите се распаѓа: Вашингтон ја отвори вратата на одговорноста”

spot_img

Веста дека Груби завршил на ЦРНАТА ЛИСТА на САД ја претставува една од најголемите политички турбуленции во последно време. Вклучувањето на високи функционери на ДУИ, како Артан Груби на црната листа на САД е не само удар врз личниот кредибилитет на Артан, туку и сериозен предизвик за целата партија, која долго време се позиционира како прозападна и неприкосновена во некогашната владина коалиција.

Клучни прашања кои сега се поставуваат:

Како ќе реагира Али Ахмети? Неговото молчење досега е гласно и отвора сомнежи за тоа какви чекори ќе преземе. Ќе застане ли во одбрана на Груби или ќе се обиде да ја спаси партијата со дистанцирање?

Како ќе се одрази ова на коалицијата? Може ли ова да придонесе политичка криза во коалицијата на „Европскиот фронт“?!

Како ќе се брани ДУИ? Досегашните аргументи дека се борци против корупцијата сега се директно доведени во прашање..

Стејт Департментот со оваа акција испраќа јасна порака дека корупцијата и злоупотребата на моќ нема да бидат толерирани, без разлика на националните или политичките разлики. Ова не е само удар врз ДУИ, туку и предупредување до сите политички актери во Македонија.

Времето за политичка одговорност изгледа веќе започна.

поврзани објави

         

Последни објави