4.8 C
Skopje
Thursday, December 26, 2024

На врвот на популарноста па до обид да се повреди со тапи жители: Сега е среќна жена!

Македонската публика добро се сеќава на Милица Мајсторовиќ која се прослави во „Операција триумф“, регионалното музичко шоу во кое се натпреваруваше и нашиот Александар Белов.

Со нумерата „Совршен пар“ Милица ја освои балканската публика, но во екот на популарноста наеднаш се повлече од јавниот живот и ѝ се случи тотален мрак.

Медиумите во тоа време пишуваа дека едноставно не успевала да се носи со секојдневниот стрес и притисокот кој го носи јавната професија, па во февруари 2010 година наводно се обидела да изврши самоубиство. За немилиот настан Мајсторовиќ подоцна и самата проговори.

„Таа вечер ми се собра сè, стопати си реков: ‘Не можам повеќе да живеам, сакам да се убијам. Пиев две-три таблети за намалување на притисокот и наизменично ги комбинирав со алкохол, додека страдав од анемија и телото ми беше многу исцрпено. Моите родители ме најдоа без свест во тоалетот и повикаа брза помош. Да имав соодветен предмет пред мене во тој момент, којзнае што ќе се случеше. И претходно сум се обидувал да се повредам со тапи жилети, но мислам дека Господ сè уште не ме сака покрај него“, изјави Милица во едно интервју.

Оваа, сега веќе поранешна пејачка, сега е успешна актерка и веќе има глумено во повеќе филмови и серии.

Среќно е омажена за Ѓорѓе Лазовиќ.

поврзани објави

Последни објави