3.8 C
Skopje
Sunday, December 15, 2024

Повторно нема терапија на Онкологија – зошто им се одзема шансата за живот на болните?

„Татко ми го погребавме, а ни стигна термин за пет скен“. Ова е само еден случај во низата, кога пациентите жртви на подмолното заболување – карцином битка водат и со болеста, но и со здравствениот систем да преживеат.

Тежок збор е да се употреби, но многу пациенти веќе починаа додека чекаат терапии на скопската Клиника за онкологија, кои ги нема дури и по пет недели. Што да прави болниот чиј живот зависи од таа терапија? Да седи и да ги одбројува деновите…

Помина повеќе од една година откако „пукна“ скандалот Онкологија и откако „Фокус“ во детали ги изнесе сите морбидни случувања на клиниката, која треба да им ја даде последната шанса за живот на болните.

Тие и така водат борба со една од најтешките болести, која реално стана епидемија, ама системот, власта без разлика која и да е и фармацевтските компании им го одземаат и тоа право – правото на живот.

И, ај сега нека излезат и нека објаснат што се случува. Зошто повторно нема терапии, зошто пациентите меѓу кои и доста млади повеќе од еден месец се молат да им заѕвони телефонот и да ги известат дека е обезбедена неопходната терапија, која живот значи. Клиниката нема доволно пари, па нека излезе новиот директор и нека каже – кои се главните причини, како да се изнајде решение, што е проблемот…Оти, верувајте работата е скроз отидена.

Пишува Ирена Мулачка за ФОКУС – целиот текст на новинарката можете да го прочитате во неговата оригинална форма и целосен на ФОКУС со линк ОВДЕ

поврзани објави

Последни објави