Жика Јакшиќ доби награда за шоуто
Здружението на уметници од поп музика на Србија (СЕМУС) ги додели најпрестижните награди на најзаслужните претставници на српската музичка сцена, а наградата „Златна птица“ ја доби Жика Јакшиќ за шоуто „Никогаш не е доцна“.
Жика, кој е водител и автор на емисијата „Никад није касно (Никогаш не е доцна)“ не ја криеше радоста од ова признание.
– Почитувани гледачи, сакам да се пофалам во свое име и во име на сите мои колеги кои работат на реализација на емисијата „Никогаш не е доцна“, оваа година добивме уште една специјална награда од СЕМУС наречена „Златна птица“ за нејзиниот придонес во музичката индустрија – рече Жика и додаде:
– Што да кажам, ви благодарам. Убаво е што една емисија ја добива оваа награда, особено што тоа е емисијата „Никогаш не е доцна“. Навистина убава потврда дека се‘ што правиме има смисла и дека луѓето го препознаваат – изјави гордиот Жика.
Покрај шоуто „Никогаш не е доцна“, признание за придонесот во музиката доби и продукцијата Гранд, а радоста не ја криеше и Горан Шљивиќ, директорот на Гранд.