Контроверзниот Бојан Јовановски – Боки 13 ја напушта наградната игра која ја организиаат со инфлуенсерот Стефан Лазаров. Боки 13 соопшти дека се повлекува поради здравствени причини. Најавено е дека Управата за јавни приходи ќе ги чешла парите, а ваквото повлекување отвора сомнежи за одредени нелегални работи при организацијата на т.н.„giveaway“.
„Поради нанесениот и преживеан стрес, а во насока на мојата влошена здравствена состојба, ви соопштувам дека во овој момент се повлекувам од моето јавно појавување како гостин и промотивно лице на забавниот инстаграм формат GIVEAWAY кој е во организација на мојот најдраг пријател Стефан Лазаров.
Му давам максимална морална и пријателска поддршка на Стефан за успешно завршување на проектот.
П.С. Бедна е среќата која се темели на нечија болка и солзи, напиша Јовановски на Фејсбук.
Плусинфо објави дека ваквата наградна игра се реализира незаконски, а т.н. giveaway се организира без да биде обезбедена дозвола за организирање на игри на среќа од Mинистерството за финансии. Инспектори на УЈП синоќа влегоа во објектот каде што се организира наградната игра.