4.8 C
Skopje
Monday, December 16, 2024

ПО ОБЈАВАТА ДЕКА ИЗБЕГАЛ ВО КОСОВО: Штотуку се ОГЛАСИ Артан Груби

Артан Груби доцна вечерва се огласи преку друштвените мрежи каде напиша дека не е во бегство, туку дека патувањето кон Косово било редовно.

„Почитувани, денеска патував за приватна посета. Ве молам, немојте да измислувате и шпекулирате,“ истакна Груби, додавајќи дека патувал со своите редовни патни исправи и дека за неговото патување е информирано личното полициско обезбедување.

Тој најави дека по завршувањето на обврските, ќе се врати дома кај своето семејство.

Минатата недела Груби беше ставен на американската црна листа со што му е забранет влез во САД. А обвинителството во средата соопшти дека е отворен предмет и во Македонија.

поврзани објави

Последни објави